Обично секој фудбалер сонува да игра за Барселона и Реал Мадрид и овие клубови важеа за поатрактивни од другите. Ливерпул тоа посебно добро го знае, на таков начин ги загубија и Луис Суарез и Кутињо.
Но лошата финансиска ситуација на Барселона која го прави тимот да изгледа немоќно и да не може да се бори за трофеи ги менува нештата.
Денис Закарија по крајот на оваа сезона ќе ја напушти Борусија Менхенгладбах и ќе замине како слободен играч.

За 25-годишниот фудбалер има интерес од многу клубови. Ливерпул, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд…
Наводно тој сакал да ја напушти Германија и да игра во друга лига. „Ел Национал“ тврди дека Закарија го преферира Ливерпул во однос на Барселона.
Сака да игра во клуб кој би имал загарантирано место во Лигата на шампионите во наредните години и тим кој ќе биде конкурентен за сите трофеи. Смета дека во моментов тоа може да го добие во Ливерпул, а не во Барселона.
Тој има голема почит кон Јирген Клоп кој е докажан елитен стратег, за разлика од Чави кој допрва треба да го презентира своето тренерско знаење во Европа.