Педри ја освои наградата за најдобар млад фудбалер

by
1 минути читање

Фудбалскиот бисер
на Барселона, Педро Гонзалез Лопез, или попознат како Педри е избран за
најдобар млад фудбалер за 2021 година во изборот на фудбалскиот магазин „Франс
Фудбал“, кој воедно ја доделува и наградата „Златната топка“.

19 годишниот
фудбалер на Каталонците без дилема имаше незаборавна година во својата кариера,
а допрва треба да претстои најдоброто од него, со тоа што беше во најдобриот
тим на Европското првенство, освои сребро на Олимписките игри во Токио, а беше
прогласен и за „Златно момче“ од страна на „Тутоспорт“.

Педри дебитираше
за Барселона ланската година во септември против Виљареал, со тоа што ланската
сезона запиша фантастичен учинок од 52 натпревари, а дополнително со настапите
за шпанскиот национален тим одигра вкупно 73 натпревари, што е секако
импресивна бројка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×