Според каталонските медиуми, талентот на Барселона, 22-годишниот Рики Пуџ е многу разочаран од неговата ситуација во Барселона.
Лапорта кога го убедуваше да остане му ветуваше дека ќе игра, само е потребно трпение. Но, Пуџ не добиваше минути кај Роналд Купан, се надеваше дека работите ќе се променат со доаѓањето на Чави, но барам на стартот не е така.
Во трите натпревари под водство на Чави, Пуџ беше на клупата за резерви и само еднаш влезе во игра.
Тој верува дека на негова возраст е погубно да седи постојано на клупата и да нема натпревари.
Жозе Мурињо ја следи ситуацијата и посакува да го донесе во Рома, без разлика дали тоа ќе биде на позајмица или како перманентен трансфер.
Можеби Пуџ не би бил стартер ниту во Рома, но сигурно би добивал поголема минутажа отколку таа која сега ја има во Барселона.