Јувентус е фаворит за потписот на Влаховиќ, но и Барселона е сериозно заинтересирана за Србинот

by
1 минути читање

Јувентус останува фаворит, старата дама има мисија да го ангажира Влаховиќ и тој е нивниот прв пик за следно засилување.

Наводно, Влаховиќ веќе ги прифатил условите понудени од Јувентус, останува уште клубовите да се договорат за висината на обесштетувањето.

Но „Ел Национал“ тврди дека Барселона сериозно се вклучува во трката за Влаховиќ и Лапорта размислува како да дојде до Србинот со оглед на финансиската ситуација во која е клубот.

Барселона има потреба од напаѓач, особено сега откако Кун Агуеро нема да може да ја продолжи кариерата поради проблемите со срцето.

Интерес за Влаховиќ има и од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×