208
Каталонскиот весник „Спорт“, тврди дека Дембеле донел одлука за својата иднина, а тоа е дека нема да потпише нов договор со Барселона.
И покрај големите проблеми што ги има со повредите, на негова адреса ќе стигнат атрактивни понуди.
Главен фаворит за неговиот потпис е Њукасл од кој би требало да ја има и најбогатата понуда.
Дембеле сака свеж старт, во нов клуб каде се надева дека ќе му се промени среќата и ќе почне да го покажува својот талент.
Договорот на Дембеле со Барселона истекува по крајот на оваа сезона и тој може да замине како слободен играч.