Мурињо: Повеќе ми се допаднаа оваа победа од 1-0, отколку да победевме 5-0

by
1 минути читање

Поради отсуството на одредени играчи, неколку од фудбалерите играа надвор од своите позиции, но сите дадоа допринос за победа.

„Очекував да постигнеме уште неколку голови иако Торино е силен дефанзивно. Но, ми се допадна начинот на кој победивме, оваа победа ми прави поголемо задоволство отколку да победевме 5-0, бидејќи тука сте направиле напор, сте страдале како тим“, вели Мурињо.

„Ги доминиравме Џенова и Зорја, но ова беше поинаков меч“.

Мурињо не можеше да смета на Кристанте и Верету, а на почетокот од мечот се повреди и Пелегрини.

„За жал, Пелегрини неколку недели ќе биде во аут“.

Абрахам и Заниоло беа во нападот, двајцата фудбалери изгледаат поврзано, но Мурињо открива дека тие многу се дружат и надвор од теренот.

„Тоа почна надвор од теренот. Има група на млади фудбалери кои излегуваат заедно, плус тоа е добро за Заниоло да научи англиски“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×