Барселона синоќа
конечно ја забележа првата победа на гости оваа сезона во Ла Лига, „каталонците“
славеа со 1-3 против Виљареал.
Де Јонг ги донесе избраниците на Чави во водство од 0-1 на стартот од вториот дел, но Чуквуезе во 76. минута
изедначи на 1-1. И кога се чинеше дека Барса одново нема да стигне до цел плен,
Депај доби подарок во 88. минута и реализираше за 1-2.
Според ТВ3,
Жерард Пике ја искористил прославата на голот на Холанѓанецот за да подели неколку совети, дефанзивецот
барал да се умртви играта по секоја цена.
„Момци, играјте
паметно. Трошете време, не брзајте. Правете фаули, лежете на земја, правете се
и сешто. Смирено, не смеме да ги изгубиме трите бода“ – им велел Пике на
соиграчите.