163
Силни се шпекулациите дека по крајот на сезоната Маурисио Покетино ќе замине од ПСЖ и ќе стане нов тренер на Манчестер јунајтед.
Има гласини кои велат дека ПСЖ веќе преговарале со Зинедин Зидан кој треба да го замени Покетино.
Но Леонардо го демантира сето ова.
„Не сакаме Покетино да замине. Тој никогаш не побарал да замине ниту некој клуб ни се јавил во врска со него. Никогаш не сме имале состанок или било каков контакт со Зинедин Зидан“, вели Леонардо.