178
Рамос е подготвен за игра по долгата пауза поради повреда и веројатно конечно ќе го одигра својот прв меч за ПСЖ кој во недела од 13 часот игра против Сент Етјен.
Рамос беше на клупата на дербито од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но Покетино не му даде шанса сметајќи дека е ризично да биде ставен во игра на така голем меч.
Но во француското првенство ситуацијата на ПСЖ е многу полабава, па се очекува Рамос да добие шанса уште од стартот на мечот.
Според „АС“, Покетино не е задоволен од играта во одбраната на својот тим и планира да го почне мечот со Рамос.