158
Рангник и Манчестер јунајтед се договорија, се чека уште зелено светло од Локомотив Москва за тој да пристигне во Англија.
А додека се чека тоа, англиските медиуми се потсетуваат дека токму Рангник е виновникот што Томас Тухел стана фудбалски тренер.
„Јас го направив Томас тренер. Тој играше под мое водство во Улм и требаше да ја заврши кариерата поради проблеми со коленото. Јас му дадов работа во нашиот тим до 15 години. Тој дури и немаше намера да станува тренер. Работеше во бар во Штутгарт“, има изјавено Рангник во минатото.
Томас Тухел денеска е еден од најдобрите фудбалски тренери во светот, а навивачите на Челси најдобро го знаат тоа.