Манчестер Сити го доби дербито со ПСЖ, и двете екипи одат во нокаут фазата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити доминираше во најголемиот дел од натпреварот, но ПСЖ прв даде гол. 

Во првиот дел тимот на Гвардиола пропушти неколку убави шанси, а казната стигна по пет минути игра во второто полувреме кога Мбапе постигна гол за водство на ПСЖ од 1-0.

Водството на ПСЖ траеше 13 минути, а тогаш Стерлинг постигна гол за израмнување на 1-1.

Во 76. минута по една убава акција Бернардо Силва асистираше до Габриел Жесус кој постигна гол за комплетен пресврт и победа на Манчестер Сити од 2-1.

Во оваа група Лајпциг со 5-0 победи на гостувањето кај Клуб Бриж.

Нкунку ја отвори и затвори серијата погодоци, два гола постигна и Форсберг, еден беше дело на Силва.

По пет одиграни кола Манчестер Сити е прв и го освои првото место со 12 бода, ПСЖ е втор со 8, Лајпциг и Клуб Бриж имаат по 4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×