Џеко со два гола му донесе победа на Интер, Ајакс со пресврт го совлада Бешикташ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер тешко го скрши отпорот на Шахтар кој се држеше еден час. Во тој период нероазурите имаа повеќе шанси, а им беа поништени и два гола.

Конечно во 61. минута Един Џеко налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата на гостите за водство од 1-0.

Потоа беше полесно, само шест минути подоцна Перишиќ нафрли, а Џеко со глава реализираше за победа од 2-0.

Ајакс во петтото коло дојде и до петтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, овојпат со 2-1 го совлада Бешикташ во Истанбул.

Домаќините дојдоа во водство со гол на Гезал од пенал, а во вториот дел Халер двапати погоди за победа на Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×