179
Германскиот првак
Баерн Минхен во своите редови има петмина фудбалери кои не сакаат да се
вакцинираат против коронавирусот, а веќе двајца од нив се заразија со истиот, а
случувањата сигурно му создаваат проблеми на тренерот Јулијан Нагелсман.
По напаѓачот
Ерик-Максим Чупо-Мотинг кој се зарази со вирусот, сега истото му се случи и на фудбалерот
од средниот ред Џошуа Кимих, кој заедно со Михаел Куизанс се единствените во
тимот кои се уште не се имунизирани.
Кимих веќе два
натпревари е вон стројот на Нагелсман, а отсуствуваше и синоќа во гостинската
победа од 1-2 кај Динамо Киев во петото коло од групите во Лигата на
шампионите.