Челси го растури Јувентус, Барса не ја победи Бенфика и ризикува да испадне од ЛШ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси покажа моќна партија во дербито против Јувентус и победи со фантастични 4-0 со што го презема врвот на табелата во групата Х.

Резултатот го отвори Чалоба во 25. минута, а со почетокот на вториот дел дојдоа уште два гола, Рис Џејмс и Хадсон Одои погодија за 3-0.

Веќе јасно беше кој ќе биде победникот, прашање беше само резултатот, а тој се зголеми на 4-0 во 95. минута кога Тимо Вернер постигна гол и го постави конечниот резултат.

Барселона и Бенфика одиграа без голови 0-0. И двете екипи имаа големи шанси за гол, имаа и по еден поништен погодок, но победник немаше.

Барселона е втора со седум бода, Бенфика има пет бода на третото место, но она што е проблематично за каталонците е распоредот во последното коло. Тие му гостуваат на Баерн Минхен, а Бенфика дома го пречекува Динамо Киев.

Спектакуларен меч одиграа Јанг Бојс и Аталанта кој заврши без победник 3-3. Италијанскиот тим во последното коло во Бергамо ќе треба да го победи Виљареал за да се пласира во осминафиналето.

Лил со 1-0 го совлада Салцбург, Малме и Зенит одиграа 1-1, а Севиља со 2-0 беше подобра од Волфсбург.

Претходно Манчестер јунајтед со 2-0 го победи Виљареал, а Баерн Минхен со 2-1 го совлада Динамо Киев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×