Ситуацијата со
Оле Гунар Солшер кулминираше по убедливиот пораз на Манчестер јунајтед кај
Ватфорд со 4-1, по што Норвежанецот доби отказ, а „Црвените ѓаволи“ под водство
на привремениот тренер Мајкл Керик кој дебитираше на клупата со победа кај
Виљареал во Лигата на шампионите вечерва.
Поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, иако добар пријател со Керик, смета
дека тој требало да си замине од клубот по сите превирања околу Солшер.
„Имам чувство
дека Оле имаше премногу доверба во Керик, истото се однесува и за МекКена, како
и Фелан, а токму поради тоа тие не треба да се во клубот во моментов, тоа е мое
мислење“ рече Сколс.
„Имам големи
пријатели во нив, Керик е еден од нив, истото се однесува и на Дарен Флетчер, а
работев и со Мајк Фелан, работев со овие луѓе, сметам дека јас да бев на
нивната позиција во моментов, ќе почувствував одговорност за сево ова, ќе
почувствував вина да работам во тој клуб се уште“ додаде тој.