Роналдо не се шегува кога е во прашање безбедноста, го чуваат двајца близнаци од елитна специјална единица (ФОТО)

by
1 минути читање

Фудбалерите,
особено они познатите често се мета на крадци, вообичаена практика е нивните
домови да бидат ограбувани кога се на должност во друг град. Камери, алармни
системи или тренирани кучиња од неколку десетици илјади евра се вообичаена заштита.

Кристијано
Роналдо оди и чекор понатаму, ЦР7 ангажирал двајца близнаци од елитна специјална
единица.

Се работи за
Сержо и Жорж Рамаљеиро (имаат и трет брат) кои биле дел од специјална единца во
португалската војска и се бореле во Авганистан за потоа да станат дел од ПСП,
елитна специјална единица задолжена за заштита на обвинители
, судии и политичари во Португалија.

Двајцата побарале
неплатено отсуство од единицата кога Кристијано Роналдо побарал да се погрижат
за неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство, и паднаа во окото
на јавноста во септември кога Кристијано Роналдо се подготвуваше да патува во
Швајцарија за меч во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×