181
Се верува дека
начинот на кој напаѓачот Влаховиќ ги постигна обата гола против „Росонерите“
сугерираат на тоа дека Србинот не сака да си замине од Фиорентина во јануарскиот
преоден рок, а крајното сценарио не му е познато ниту на тренерот Винченцо
Италијано.
„Не знам како ќе
заврши оваа приказна на крајот, но Влаховиќ секогаш е фокусиран на теренот“
рече Италијано за „Радио Анчио ло Спорт“.
„Со неговиот
начин на прослава на головите, тој докажа дека посветен е единствено на
сегашноста, ние уживаме со него во моментов, се надеваме дека ќе остане смирен,
тој е предодреден за големи работи“ додаде предводникот на Фиорентина.
(2.30)