Шефот на
стручниот штаб на Ајакс, Ерик тен Хаг се чини дека не делува мошне
заинтересирано за тренерското столче во Манчестер јунајтед кое остана слободно
по отказот за Оле Гунар Солшер.
Тен Хаг се
споменува како еден од можните наследници на Солшер, меѓутоа тој тврди дека
останува посветен на работата која има во негови раце во Ајакс.
„Фокусиран сум на
мојот тим, имаме одличен состав, а имаме уште многу за што би можеле да
постигнеме во иднина, сакаме да се бориме за титули“ рече Тен Хаг.
„Мојот фокус е на
Ајакс, останатото е одвлекување на внимание, тоа го очекувам и од моите
фудбалери, така јас треба да поставам еден добар пример кој останатите треба да
го следат“ додаде тој.
„Навистина е
чудно што постојано се прашува за таа работа, бидејќи јас воопшто не сум
слушнал ништо на таа тема, така јас немам ниту потреба да размислувам за истото“
заклучи Тен Хаг.