По Ведран
Чорлука, националната фудбалска репрезентација на Хрватска во стручниот штаб го
доби и Марио Манџукиќ, кој сигурно ќе биде од голема помош за селекторот Златко
Далиќ.
„Му се
заблагодарувам на селекторот Далиќ, но и на претседателот Кустиќ на довербата,
навистина се договоривме на еден лесен начин околу соработката за која се
радувам посебно, знам колку ми значи оваа репрезентација, посакувам сета
страст, знаење, но и искуство целосно да го пренесам на новата генерација“ рече
Манџукиќ.
„Одлично е тоа
што осигуравме директен пласман на Мундијалот, сега имаме една година за низ
натпреварите во Лигата на нации добро да се подготвиме за тоа големо
натпреварување, со голема одговорност зад себе, желба, но и амбиција“ додаде
тој.
35 годишниот
Манџукиќ репрезентативната кариера ја заврши во 2018 година по 11 години, каде
одигра 89 меча, а постигна 33 погодоци за „Коцкестите“.