24-годишниот португалски фудбалер имаше неуспешна авантура во Баерн Минхен од каде отиде во Лил и повторно ја крена формата. Си го врати и местото репрезентацијата на Португалија, по што повторно на негова адреса пристигнуваат големи понуди.
Изминатото лето тој беше мета на Барселона, трансферот бил договорен, но поради повредата која ја имаше тој период зделката не се реализирала.
„Многу клубови беа заинтересирани летото, но поради повредата останав. Се беше договорено со Барселона, и мислам дека трансферот не се реализираше поради повредата“, вели Санчез.
Сега тој е мета на Милан и Арсенал и подготвен е следното лето да направи трансфер.
„Можеби Милан и Арсенал се интересираат не знам. Милан е голем и историски клуб. Тоа е класа, ми се допаѓаат. Зборував со мојот агент, знам кои клубови се јавуваат, но не смеам да кажам сега. Но подготвен сум, доколку стигне понуда, ќе разгледам што е најдобро за мене“.
„Кога отидов во Баерн Минхен, не бев подготвен за така голем клуб, бев многу млад. Но сега сум подготвен. Подобро го разбирам фудбалот, имам поголемо искуство“.