18-годишниот Феликс Афена Џан е првиот играч на Рома роден 2003 година кој дал гол. Мурињо го зема од младинскиот тим, му даде шанса, а тој се покажува како големо засилување.
Афена Џан ги постигна двата гола во победата над Џенова, тоа беа неговите први два гола во Серија А. Младиот фудбалер кога го постигна деби погодокот, отрча да го прослави со Мурињо.
„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам копачките кои навистина ги сака, а кои се навистина скапи, чинат 800 евра, па кога го даде голот трчаше кон мене да ми каже да не заборавам на ветувањето! Утре изутрина првата работа која ќе ја направам е ќе му ги купам копачките“, изјави Мурињо по мечот.
„Жал ми е за г-дин Де Роси и младинскиот тим, но Феликс ќе остане со нас. Од младинската школа Феликс и уште четворица-пет фудбалери дојдоа во првиот тим“.
„Тоа што ме импресионира кај него е ладната глава пред голот. Ако не е идеален технички, тоа го надополнува со силен менталитет“.
„Има деца кои мислат дека знаат се, но тој е скромен и гледате дека ги собира сите информации од луѓето околу него. Тоа е фантастично“.
„Феликс има таков интензитет што може да го промени ритамот на тимот, да ги тера противниците да прават грашки и да му даде поинаков интензитет на тимот. Тоа го правеше и на претходните мечеви на кои влезе, против Каљари и Милан. Им создава проблеми со својата енергија и физичка моќ, тоа се случи и денеска“.