164
Во првите минути од натпреварот Дмитри Паје додека се местеше да изведува корнер беше погоден во главата со шише од страна на навивач на Лион.
Мечот веднаш беше прекинат, судијата ги повлече двете екипи во соблекувалната, но се очекуваше дека по извесно време натпреварот ќе продолжи.
Сепак по долго чекање, донесена е одлука натпреварот да не продолжи. А дали Марсеј ќе добие службена победа или натпреварот ќе се доигрува во друг термин, дополнително ќе биде одлучено.