„Проектилот“ на Родри не го бранеа двајца, Сити го победи Евертон (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Манчестер Сити се
врати на втората позиција на табелата и на -3 во однос на Челси откако
попладнево пред своите фанови славеше со 3-0 против Евертон.

Избраниците на
Пеп Гвардиола доминираа на теренот, „карамелите“ добро се бранеа до финишот на
првото полувреме кога Кансело мајсторски му аситираше на Стерлинг за 1-0.

На стартот од
вториот дел Родри начека една топка на 25 метри и испука „проектил“ под
пречката за 2-0.

Во финишот од
мечот, Бернардо Силва ги постави конечните 3-0, една одбиена топка стигна до
Португалецот кој рутински го матираше Пикфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×