Роналдо сака Луис Енрике да биде новиот тренер на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Оле Гунар Солшер веќе не е тренер на Манчестер јунајтед, клубот утринава му врачи отказ на Норвежанецот.

Манчестер јунајтед нема да брза со назначување на нов тренер, во наредните неколку меча Мајкл Карик ќе го води тимот додека да најдат привремен тренер кој би работел до крајот на сезоната.

Но, така дојде и Солшер како привремено решение по отказот на Мурињо па остана три години.

Според Роб Дорсет, новинар на Скај Спортс, Кристијано Роналдо посакува Луис Енрике да биде нов тренер на Манчестер јунајтед.

Луис Енрике со успех ја предводи шпанската репрезентација со која избори пласман на Светското првенство, а Мундијалот во Катар е закажан за ноември.

Малку е веројатно дека Луис Енрике би си дал отказ од селекторската позиција на Шпанија пред да заврши Светското првенство.

Како други опции се споменуваат Зинедин Зидан и Брендан Роџерс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×