Изминатиов период
има многу написи за Баерн Минхен и невакцинираните фудбалери, според пишувањата
на Билд, се работи за петмина: Џошуа Кимих, Ерик Максим Чупо Мотинг, Серж
Гнабри, Џамал Мусиала и Микаел Куисанс.
Весникот вели
дека овие петмина во четвртокот биле повикани на состанок во тренинг центарот,
не бил присутен само Џошуа Кимих кој по втор пат е во карантин поради контакт
со позитивен на ковид-19.
Лидерите на Баерн
Минхен ги известиле фудбалерите дека го почитуваат нивниот избор и право да не
се вакцинираат, но ги предупредиле на последиците. Им било кажано дека нема да
добиваат плата за периодот во карантин.
Во случајот на
Џошуа Кимих, кој има плата од околу 20 милиони евра, и два пати беше во
карантин, ќе биде одурен по џебот со околу 768.000 евра.
Исто така им било
кажано дека можеби во иднина ќе бидат изолирани од останатиот дел од тимот за
време на тренинзите.
Петмината
фудбалери кои не сакаат да се вакцинираат биле изнендени од ваквиот став на
Баерн, мислеле дека ќе добијат само лекција за тоа како треба да се
вакцинираат, а не и за тоа да останат без плата или да тренираат сами.
Ваквиот потег
сепак им се допаднал на останатите фудбалери кои дале зелено светло за чекорите
кои се превземаат.