Клоп ја објасни жестоката расправија со Артета крај аут линијата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во дербито на Енфилд, Ливерпул со 4-0 го совлада Арсенал и ги освои трите бода. По нешто повеќе од половина час игра, камерите наместо на теренот беа свртени кон аут линијата, каде Јирген Клоп и Микел Артета влегоа во жестока расправија.

„Се почна кога од клупата на Арсенал почнаа да бараат црвен картон за Мане, а се работеше за чиста ситуација. Ги прашав што сакаат? Немаше контакт, а тие бараа картон, преку глава ми е ова, се чини дека сите се обидуваат да издејствуаат исклучување на Мане“ – вели Германецот. 

Кога му беше сугерирано дека инцидентот дополнително ја вжешти атмосферата на трибините, Клоп рече: „Не го планирав ова, но доколку помогна, немам ништо против. Но не очекувајте да гледате слични инциденти во иднина, ретко имам расправии крај аут линијата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×