214
Брајтон беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, но на крајот Астон Вила се радуваше на победата.
Течеше 84. минута кога Воткинс направи една соло акција и постигна убав гол за водство на Астон Вила од 1-0.
Пет минути подоцна Тајрон Мингс се најде на вистинското место и постигна гол за конечни 2-0 за Астон Вила.
Еди Хау не можеше да дебитира како што треба на клупата на Њукасл, позитивен е на ковид-19, па неговите помошници го водеа тимот кој одигра 3-3 против Брентфорд.
3-3 заврши и натпреварот меѓу Барнли и Кристал Палас.
Успешно тренерско деби имаше Дин Смит на клупата на Норич кој со 2-1 го победи Саутемптон.
Вулвс со 1-0 беше подобар од Вест Хем.