174
Осман Дембеле
беше првиот играч кој заработи казна откако Чави постави нови строги правила по
враќањето на Камп Ноу. Очигледно на Французинот не му доаѓа памет, медиумите од
Шпанија пренесуваат дека тој повторно ќе биде удрен по џебот.
Новинарот Чави
Кампос откри дека во вторникот сите биле изненадени кога Осман Дембеле не се
појавил во тренинг центарот. Откако немало трага и глас од напаѓачот, го
побарале на телефон, а тој им кажал дека е дома бидејќи мислел дека тренингот е
закажан за попладне а не наутро.
Осман Дембеле
веднаш се качил во автомбил и пристигнал во тренинг центарот, но доцнел и сега
ќе добие втора казна, која ќе биде двојно повисока од првата.