Новото коло во Бундеслигата почна со големо изненадување: Баерн по повеќе од шест години загуби од Аугсбург (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Новото коло во Бундеслигата
почна со неочекуван резултат, Аугсбург го совлада Баерн Минхен со 2-1.
„Баварците“ обично лесно се справуваа со тимот од ВВК Арена, но вечерва одиграа
бледо и го забележаа првиот пораз по повеќе од шест години во дуелите со
Аугсбург.

Пeдерсен најави
изненадувањe во 23. минута, начека една одбиена топка и прецизно по земја биеше
за 1-0.

Во 36. минута
следуваше нов шок, Забицер изгуби една топка на средината од теренот, Аугсбург
брзо организираше напад и Хан со глава го матираше Нојер за 2-0.

Баерн брзо се
врати во игра, Левандовски намали на 2-1 во 38. минута, но тоа беше се што
направија гостите. Во продолжението од мечот силно притиснаа, има дури 80%
посед на топката во вториот дел, но не успеаја да избегнат пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×