273
Ел Шарави има одлични партии во дресот на Рома иако тимот во последно време не игра на највисоко ниво. Тој е импресиониран од работата со Мурињо.
„Ова е проект на долги стази, но ние сме професионалци и мора да дадеме се од себе за колку што е можно побрзо да излеземе од оваа криза“, вели Ел Шарави.
„Кога имате тренер како Мурињо тоа е многу мотивирачки за вас, тој ви помага да се искачите на ново ниво. Тој е брилијантен мотиватор и се однесува добро со сите во Тригорија, не само со фудбалерите“.
„Тој е тип на тренер кој сакате да го слушате. Знае како навистина да ве запали. Имам тригодишен договор и се надевам дека тој ќе остане тука колку што е можно подолго“.