Актуелниот
договор на Пол Погба истекува идното лето, а се верува дека Манчестер јунајтед
повеќе не го гледа Французинот како дел од своите планови во иднина, а со
самото тоа не планира да го обнови договорот на фудбалерот, пишува „Марка“.
Односите помеѓу
клубот и Погба изминативе неколку месеци не се идеални, а дополнително
отежнувачка беше и формата на фудбалерот кој се приклучи во сивилото на
избраниците на Оле Гунар Солшер.
Јувентус, ПСЖ и
Реал Мадрид се чини дека се главните кандидати за потписот на Погба кој идното лето,
доколку не се промени неговиот статус во Манчестер јунајтед, ќе биде слободен
играч на трансфер пазарот, а уште во јануари ќе може да преговара со
заинтересираните клубови.