„Тајмс“ известува
дека Њукасл ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да ги доведе во својот тим
двоецот од Интер, Марсело Брозовиќ и Стефан де Вриј, односно голманот на Лацио,
Томас Стракоша.
На клубот од „Сент
Џејмс Парк“ првичната цел актуелнава сезона е изборување опстанок во елитното
друштво, а секако тоа нема да биде лесно со оглед на актуелниот ростер на
фудбалери, но и претпоследната позиција во моментов на табелата во Премиерлигата.
Како и да е, во
случајот со Брозовиќ, Премиерлигашот би имал поголеми шанси со оглед на тоа што
договорот на 29 годишниот Хрват истекува идното лето, па уште во јануари ќе
може да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис.
Истото важи и за
26 годишниот Стракоша, меѓутоа не и за 29 годишниот Де Вриј, чиј договор со „Нероаѕурите“
истекува во 2023 година.