Челси сака да го украде новиот бисер на Барселона, „сините“ ја плаќаат откупната клаузула од 50 милиони?!

by
1 минути читање

Барселона има нов
бисер во името на Пабло Мартин Паез Гавира или скратено и попознат како Гави.
Офанзивниот фудбалер дебитираше за „каталонците“ против Хетафе на крајот од август,
а месец дена подоцна доби шанса да заигра за сениорската репрезентација на
Шпанија и со 17 години и 62 дена стана најмладиот фудбалер кој дебитирал за
„црвената-фурија“.

Неговите импрсивни
партии не останаа незабележани, како што пишуваат медиумите од Англија, Челси
му фрлил мерак на Гави.

„Сините“ се
подготвени да ја активираат откупната клаузула на фудбалерот вредна 50 милиони
евра.

Останува да се
види каква ќе биде одлуката на Гави, кој е во преговори со Барселона за
продолжување на соработката. „Каталонците“ се свесни дека во своите редови
имаат вонсериски талент, па со новиот договор сакаат да го заштитат со откупна
клаузула од 1 милјарда евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×