Џерард на првата прес-конференција како тренер на Астон Вила: Не сум тука да зборувам за Ливерпул

by
1 минути читање

Но, едно од првите прашања од новинерите беше дали некогаш посакува да седне на кормилото на Ливерпул.

„Што се однесува до Ливерпул, не мислам дека ова е прес-конференција на која треба да се зборува за други клубови освен за Астон Вила, мислам дека треба да покажеме почит кон нашите навивачи“, рече Џерард.

„Мислам дека сите во светот знаат што ми значи Ливерпул, но мојот фокус сега комплетно е кон Астон Вила. Како што реков и претходно, целосно сум посветен на овој тим и така ќе биде додека сум тука, им го ветувам тоа на фановите“.

„Екстремно сум горд што сум тренер на клуб каков што е Астон Вила. Ќе дадам се од себе оваа приказна да биде успешна“.

Дебито на Џерард ќе биде во сабота кога Астон Вила го пречекува Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×