343
Договорот на Ромањоли со Милан истекува по крајот на оваа сезона и клубот се обидува да го задржи.
Се очекува работите да бидат многу појасни по денешната средба на претставниците на Милан со агентот на Ромањоли, Мино Рајола.
Денешните разговори би требало да бидат само за Ромањоли, а во следните месеци Рајола ќе седне да преговара и за нов договор на Ибрахимовиќ кој се уште не планира да оди во пензија.