ПСЖ сака да украде уште еден голем талент на Барселона

by
1 минути читање

Станува збор за Диего Алмеида кој важи за еден од дијамантите во Ла Масиа, школата на Барселона.

Тој е централен дефанзивец кој покрај младинскиот тим на Барса, има настапи и за сите селекции на Шпанија од У15 до У18. 

ПСЖ му понудиле на 17-годишниот фудбалер договор кој е значително подобар од оној кој го има во Барселона.

Францускиот клуб на Барса веќе им ги украде перспективните Ксави Симонс и Кејс Руиз-Атил. Алмеида во февруари полни 18 години, а неговиот актуелен договор со Барселона трае до јуни 2023 година.

Фудбалерот преферира да остане во Барселона, но ПСЖ ќе притиска и ќе се обидува да го предомисли. Алмеида во вторникот имал тренинг со првиот тим на Барселона под водство на Чави, но се уште нема деби во сениорска конкуренција ниту за Барселона Б.

Во меѓувреме Еквадор се обидува да го убеди да настапува за нивната репрезентација бидејќи неговите родители имаат потекло од таа земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×