224
Серхио Рамос би можел да дебитира за ПСЖ во сабота на натпреварот против Нант. Според „Л’Екип“, окружувањето на фудбалерот смета дека тој е подготвен за настап и од ден во ден се чувствува се подобро.
Иако тие се оптимисти, последниот збор го има тренерот Маурисио Покетино кој ќе одлучи дали ќе го игра Рамос и колку минути ќе му даде за почеток.
Рамос во ПСЖ дојде повреден, а неговата рехабилитација трае подолго отколку што се очекуваше.