192
Пиоли го препороди Милан, задоволни од неговата работа се сите, раководството, фудбалерите, фановите.
Според Фабрицио Романо, Милан во наредните денови ќе го соопшти продолжувањето на договорот со Пиоли кој ќе стави потпис на соработка до јуни 2024 година.
Милан се бори да го задржи Ромањоли и тоа се најавува дека ќе биде успешна мисија, но уште нема нешто конкретно.
Последните информации велат дека Милан закажале состанок со агентот на Ромањоли, Мино Рајола по што ќе се знае иднината на фудбалерот. Неговиот актуелен договор завршува по крајот на сезоната.
Нема нови моменти околу Кеси, извесно е дека тој ќе ја промени средината по крајот на сезоната.