184
Често фудбалерите кога одат на репрезентативна пауза даваат поискрени интервјуа за медиумите од нивните земји, даваат искрени изјави кои не секогаш се добредојдени за клубовите каде настапуваат.
26-годишниот Лазано за „ТВ Ацтека Депортес“ изјави дека сака да игра во поголем клуб од Наполи.
„Мислам дека играм во многу конкурентен клуб, со многу добри соиграчи, се развив многу таму. Но вистината е дека би сакал да играм во поголем клуб. Се гледам себеси како многу конкурентен играч со јасни цели“, вели Лозано.