Обамејанг на располагање на Артета за дербито со Ливерпул

by
0 минути читање

Ливерпул и
Арсенал претстојниов викенд ќе го имаат дербито на колото во 12 рунда
натпревари од новата сезона во Премиерлигата, а шефот на стручниот штаб на „Топчиите“,
Микел Артета може да здивне за Пјер-Емерик Обамејанг.

32 годишниот
Габонец се врати на тренинзите откако беше повлечен од игра во натпревар за
националниот тим минатиот петок, по што се врати во Лондон, но за негова среќа
повредата е веќе минато.

„Топчиите“ имаат
низа од осум меча без пораз во Премиерлигата, а Обамејанг запиша четири
погодоци, но и една асистенција досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×