Пол Погба се
поврзува со можно враќање во Јувентус од поодамна, а агентот на ѕвездата од
Манчестер јунајтед, Мино Рајола беше запрашан дали сонот може да стане реалност
за навивачите на италијанскиот прволигаш.
„Сонувањето е
слободно, а тие кои не сонуваат се мртви“ рече Рајола во изјавата за „ТМВ“.
„Не можам никому
да му забранам да сонува, јас исто така сонувам секој ден, тоа е добро, ајде да
видиме дали ќе биде реалност, декември е месец за соништа, со Божиќ и сите тие
празници“ додаде контроверзниот агент.
„Ќе видиме што ќе
се случи, не знам зошто, но дури и мртвите се будат кога ние говориме за Погба,
веројатно подобро е да не зборуваме на таа тема, а сето тоа и поради фактот што
некои поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед немаат за што да зборуваат
доколку не коментираат за мене и Погба“ подвлече Рајола.