161
Ѕвездата на
англискиот првак Манчестер Сити, Бенжамин Менди дополнително доби уште две
обвинувања за силување, а тој и натаму останува во притвор каде го чека
судењето за сите постапки кои се водат против него.
Сумирано, Менди
сега ќе треба да се брани од вкупно шест силувања, но и еден сексуален напад, а
судењето треба да започне на 24 јануари идната година.
Манчестер Сити го
суспендираше својот фудбалер по сите случувања, а очекувањата се дека „Граѓаните“
ќе се разделат со него во првата прилика која ќе им се укаже во периодот кој
претстои.