Фердинанд верува дека Тен Хаг е идеален тренер за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

И натаму расте
притисокот врз Оле Гунар Солшер на клупата на Манчестер јунајтед, откако во
новата сезона од Премиерлигата, клубот од „Олд Трафорд“ тргна со пет победи, но
и две ремија, односно дури четири порази.

Предводникот на
Ајакс, Ерик тен Хаг е еден од потенцијалните наследници на Солшер на клупата на
Манчестер јунајтед, а поранешниот легендарен фудбалер на „Црвените ѓаволи“, Рио
Фердинанд нема ништо против холандскиот фудбалски стратег да го добие тој
предизвик.

За секој тренер
кој доаѓа во нов клуб важи правилото дека веднаш треба да покаже што знае и
умее, односно да им покаже на луѓето зошто е во тој клуб
“ рече Фердинанд.

Антонио Конте го
користам како добар пример во однос на таа тема, без разлика за кој клуб ќе
потпише, тој е доста конкретен и директен
: Ова сум јас, ова е тоа што ќе се случува, доколку
не сте со мене, можете да си заминете
“ додаде тој.

Не го познавам
Тен Хаг лично, но знам дека сработи одлична работа во Ајакс, да не заборавиме
дека Ајакс не е мал клуб, туку напротив, тоа е голем клуб, најголемиот во
Холандија, таму секојдневните очекувања од него се тој да победува, а тоа е
нешто со кое би се справил и во Манчестер јунајтед секојдневно
“ подвлече Фердинанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×