Во Барселона размислуваат да тргнат по потписот на ѕвезда од Челси

by
1 минути читање

На 32 годишниот
бек на Челси, Цезар Аспиликуета идното лето му истекува договорот со Премиерлигашот,
а се верува дека во Барселона сериозно размислуваат за тоа да се обидат да го
убедат да потпише за нив.

Позната е
клупската политика на Челси по прашањето за фудбалерите кои се над 30 годишна
возраст, а сето тоа отвора големи можности за Каталонците, кои ќе сакаат да
извлечат корист од ситуацијата.

„ЕСПН“ наведува
дека во Барселона размислуваат уште во јануарскиот преоден рок да испратат
понуда до Аспиликуета, период кога бекот ќе биде во можност да преговара со
заинтересираните клубови за неговиот потпис.

Истиот медиум
додава дека новиот тренер на Каталонците, Чави Ернандез е голем обожовател на
играта на Аспиликуета, а најмногу од причина што тој веќе докажа дека поседува
капацитет да игра и нешто понапред од дефанзивната линија.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×