Главоболки за Клоп, остана без уште еден важен играч пред дербито со Арсенал

by
0 минути читање

Последен на листата е Енди Робертсон. Стандардниот лев бек на Клоп, се повреди на мечот меѓу Шкотска и Данска.

Робертсон поради болки во задната ложа предвреме го заврши натпреварот, а информациите велат дека ќе треба да паузира извесно време и нема да биде во комбинација за дуелот со Арсенал.

Покрај Робертсон, на листата на поредени во Ливерпул се Мане, Фирмино, Кеита, Хендерсон, Милнер, Гомез, Џонс и Елиот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×