На големо
изненадување, Барселона минатата недела соопшти дека Дани Алвеш ќе биде првото
засилување за Чави. 38 годишниот Бразилец утрово ги изврши редовните лекарски
прегледи и во среда треба да биде промовиран пред медиумите.
Кога беше соопштено
дека Дани Алвеш се враќа на Камп Ноу, медиумите шпекулираа дека фудбалерот
прифатил да игра за „ситни пари“. Според денешното издание на Спорт, десниот
бек ќе ја има најмалата плата во Барса.
Неговите примања
можат драстично да се зголемат со бонуси, но некои од нив се прилично тешко остварливи.
Дани Алвеш исто
така побарал договор до 31. декември 2022, на ум го имал мундијалот во Катар,
но на крајот прифатил соработка до 30. јуни 2022.