219
Мегваер синоќа даде гол против Албанија, а при прославата си ги фати ушите, што обично значи дека погодокот го посветува на оние кои го критикуваа во изминатиот период.
Рој Кин на тоа реагираше, рече дека е срамно фудбалерот да мисли дека со гол против Албанија им ги затнал устите на оние кои го критикуваа за очајните игри за Манчестер јунајтед.
По мечот Мегваер рече дека неговата прослава за никого не била наменета.
„Прославата не беше директна порака за никој. Едноставно ги ставив рацете зад ушите. Капитен сум на Манчестер јунајтед и нормално е да добивам критики кога на тимот не му оди добро. Мојата гестикулација не беше наменета за никој“, изјави Мегваер.