Лампард се пишмани за Норич

by
1 минути читање

Норич му врачи
отказ на Даниел Фарке по првиот триумф сезонава во Премиерлигата, односно по
победата на гости кај Брентфорд претходниот викенд, а Френк Лампард беше прв
фаворит за преземање на кормилото на тој тим.

Сепак, на
Островот пишуваат дека поранешниот фудбалер и тренер на Челси се предомислил и
се повлекол од намерата да го преземе кормилото на Норич, со тоа што во
моментов прв фаворит за таа позиција е довчерашниот тренер на Астон Вила, Дин
Смит, кој пак беше наследен од Стивен Џерард.

Лампард од
јануари годинава е без ангажман откако Челси се одлучи да му врачи отказ, а на
негово место да го ангажира Томас Тухел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×