Братот на фудбалерот
на Тотнем, Хари Кејн, Чарли се најде на удар во јавноста во летниот преоден рок
откако многумина го вперија прстот кон него дека токму тој притискал за
заминување на напаѓачот од редовите на „Спарси“.
Навивачите на „Спарси“
беа силно фрустрирани кон Чарли, кој инаку е агент на својот далеку попознат
брат, но ѕвездата на клубот од Лондон јавно застана во одбрана на својот брат.
„Во летото низ
јавноста се пренесуваа разни приказни околу мојот брат, кој воедно е мој агент“
рече Кејн.
„Токму тоа е
моментот кога ние силно застанавме заедно, а сето тоа бидејќи точно знам што
тој прави за мене како агент, истовремено знам и што прави за мене како брат, а
тоа е најважно“ додаде напаѓачот.
„Останатото е
само врева, а се работи само за нас, ние сме обединети задно без разлика што и
да се случи, без разлика на околностите, секогаш сме тука еден за друг, а така
ќе биде и понатаму“ подвлече напаѓачот на Тотнем.