Чави уште на
промоцијата порача дека неговата работа ќе се базира на „дисциплина и високи
стандарди“ а медиумите од Шпанија пренесоа за правилата до кои ќе треба да се
придржуваат фудбалерите и тренерскиот персонал.
Еден од новитетите
е враќање на казните, а првата казна ја заработи кој друг ако не Осман Дембеле.
Според пишувањата на ЕСПН, Французинот утрово доцнел три минути.
Чави бара неговите
соработници да доаѓаат два часа пред почетокот на тренингот, а фудбалерите час
ипол. Па така, Осман Дембеле требал да се пријави во тренинг центарот најдоцна до 8:30 часот, а
тој дошол во 8:33 часот.
ЕСПН додава дека
Чави прв се појавил во тренинг центарот и пристигнал во 7:52 часот, додека пак
Ансу Фати бил првиот фудбалер кој денеска се пријавил на должност.
Осман Дембеле,
кој во минатото често имаше проблеми со недисциплина, очигледно треба малку да
се угледа на својот помлад колега.